top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

09.02.2024 Februari Petok

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 30 милиони денари. Со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници, велат од „Охридско лето“.

„Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на 40-те фестивалски денови за нас е многу значајна и токму затоа сме благодарни што годинава се издвоени средства кои доликуваат на вака значајна музичко-сценска манифестација. Годинава не очекуваат 40- фестивалски вечери исполнети во висока уметност и врвни светски и домашни уметници“, вели директорката на „Охридско лето”, Наташа Поповиќ.

На годинешното фестивалско издание ќе има над 50 настани со околу 1000 уметници, но деталите по традиција ќе бидат објавени на официјална прес-конференција.

Поповиќ вели дека уметничката програма за „Охридско лето 2024″ е веќе завршена, а во тек се активностите за средување, опремување и адаптација на сцените и сценските простори за реализација на годинешното издание на Фестивалот.

„Ме радува тоа што како тим успеавме навремено да ги направиме сите подготвителни активности за да имаме успешно фестивалско издание. Огромна благодарност до Министерството за култура за одобрените 30 милиони денари со Годинешната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата со кој успеваме да го одржиме но и да го надополниме квалитетот на најголемиот културен настан како кај нас, така и на светската уметничка сцена. Благодарност до министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за нејзиниот влог во културата со кој се создадава уметнички квалитет достоен за една ваква голема манифестација“, додава Поповиќ.


1 view

コメント


bottom of page