top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поплавениот венециски плоштад „Свети Марко“ не ги спречи луѓето да танцуваат

Updated: Aug 11, 2021

10.08.2021 Avgust Vtornik

Ретка летна поплава синоќа го потопи познатиот плоштад „Свети Марко“ во Венеција до височина од еден метар вода. Венеција честопати е погодена од поплави во есен и зима.

Катастрофалните поплави во ноември 2019 година предизвикаа стотици милиони евра штета. Поплавата, која се случи ноќта меѓу неделата и понеделникот, предизвика помала штета. Луѓе танцуваа на плоштадот со музика од пијано во вода што стигна речиси до нивните колена, а некои туристи одеа боси во водата носејќи ги чевлите во раце.

Поплавите во Венеција се предизвикани од комбинација на фактори, кои ги влошуваат климатските промени, од покачување на нивото на морето до невообичаено високи плими и слегнување на тлото. Бариерата за поплави беше активирана за прв пат во октомври минатата година, но се користи само за потенцијално највисоките плими над 130 метри, па затоа сега не беше активирана.



4 views

Comments


bottom of page