top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поплавени подрумите во повеќе куќи во Тетово, се бара да се исклучи струјата во целиот град поради ризик од струен удар

23.06.2024 Juni Nedela

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Тетово бара да биде исклучена струјата во целиот град по невремето.

Според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На телефонскиот број 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми.

Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН.

Невремето што попладнево го зафати Тетово беше проследено со интензивни врнежи од дожд и на места град со големина на орев.

Сообраќаен метеж е забележан на повеќе места во градот. Граѓаните јавуваат дека после патарината на патот кон Скопје, кај назводникот,има многу вода и се вози исклучително бавно, па во моментот создадена е голема гужва.


0 views

Commentaires


bottom of page