top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поплавен Драмски театар: Дождот го онеспособи да биде храм на уметноста, истакна Љутков

28.06.2024 Juni Petok

По силното невреме кое попладнево го зафати Скопје и околината, поплавен е Драмскиот театар во Скопје. Министерствoто за култура и туризам на Фејсбук објави дека министерот Зоран Љутков вечерва изврши увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.

– Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп. Седумгодишната негрижа за Драмскиот театар, не само што стана видлива, туку денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста. На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите, напиша Љутков на својот фејсбук-профил.

Оваа Влада, како што наведува Љутков, нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците.

На фотографиите и видеоснимката, што ги објави Љутков, се гледа уништен ентериер, поплавени ѕидови и подови, како и кофи кои ја собираат водата.


0 views

Comments


bottom of page