Search
Поп Арсова заврши 28-ма на мундијалската маратонска трка
Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова заврши на 28-то место на маратонската трка на Светското првенство во Јуџин, САД, со време од 2:41.20 часа.
Таа не успеа да го подобри нејзиниот најдобар резултат (2:35.29 часа) кој е и актуелен македонски рекорд, но достојно ја претстави Македонија на Мундијалот, во конкуренција на четириесет маратонки.
Готитом Гебресиласие од Етиопија го освои златниот медал со нов рекорд на светските првенства (2:18.11 часа).
Comments