top of page

Понежната половина на Гундоган обелодени зошто играчот отпатува за Мадрид: Требаше да биде тајност…

Илкај Гундоган веќе неколку сезони игра на врвно ниво во Манчестер Сити, но бидејќи во последно време добива шанси од клупата за резерви, се појавија и разни шпекулации за можен негов трансфер.

Тоа посебно се интензивираше откако „Дејли меил“ откри дека Гундоган отпатувал со приватен лет кон Мадрид пред два дена и почнаа да го поврзуваат со сензационален трансфер во Реал и Атлетико, нешто што засега нема да се реализира.

Понежната половина на Гундоган откри дека фудбалерот отпатувал за шпанската престолнина поради романтичен чин, односно двајцата си го дале судбоносното „ДА“.

Моделот Сара Арфауи отсега ќе го носи и презимето Гундоган, откако решила да се венча со фантастичниот германски репрезентативец.

– Се венчавме и многу сме среќни. Сакавме да остане во тајност и ова да биде приватно, но за жал, после лажната вест за мојот сопруг, се почувствував принудена да ја откријам вистината, – изјави Сара, која сподели и фотографии на Инстаграм.


 
 
 

コメント


bottom of page