top of page

„Понеделнички“ : Игор Џамбазов му напиша песна на Дарко Гроздановски фото и (видео)

09.07.2026 Juli Cetvrtok

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не песна со видео запис, туку парче уметност.Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите меѓу најдобрите, односно:Мите Димовски на чело на сите вклучени во аудиото, Огнен Шапковски – уметникот позади камерата, а преубавата и добро позната Моника Црнокрак – „шанкерката” во која се вљубува главниот лик – Дарко Гроздановски.

И секако…легендарниот Игор Џамбазов – татко на шанкерката, газдата на локалот во „masterpiece” сценариото на Шапковски, каде како главен заплет се појавува конфликтот помеѓу Игор и Дарко.Игор Џамбазов – авторот на многу безвременски хитови. Игор Џамбазов – авторот на „Понеделнички”.

Дојде и тој понеделник каде Дарко Гроздановски по три години без авторска песна, повторно се појавува во етерот. Овој пат во ново и можеби најквалитетно руво до сега, создадено од „материјали” врз кои се темели македонската музичка уметност.„Сакам сите денови да се понеделници”, напиша Џамбазов, испеа Гроздановски, а Вие…Уживајте!


 
 
 

Comments


bottom of page