top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Помеѓу 2.000 и 3.000 фунти: Се продаваат очилата кои Џон Ленон му ги подарил на посетител на студиото каде што снимале „Битлси“

22.07.2024 Juli Ponedelnik

Тркалезни очила со сини стакла, кои Џон Ленон му ги подарил на маж при посетата на студиото „Еби роад“ (Abbey Road), каде што снимале „Битлси“, ќе се продаваат на аукција во Лондон, напиша германската агенција ДПА.Очилата во стилот на Џон Ленон му биле дадени на човекот, кој бил во студиото со девојка во 1968 година, а се очекува да се продадат по цена помеѓу 2.000 фунти (околу 2.370 евра) и 3.000 фунти. Не е јасно на кого всушност му припаѓале.

– Младиот човек ги видел очилата на клавирот и отишол да ги земе, но неговата девојка во тоа време му рекла да ги остави, на што Ленон рекол „во ред е, може да ги земе“ – изјавила портпаролката на аукциската куќа „Кетрин Саутон“.

Очилата ќе се продаваат заедно со колекција од 33 црно-бели фотографии направени на „Еби Роуд“ во 1968 и 1969 година, од кои некои се направени на денот на насловната страница на албумот на „Битлси“, на кој се гледа како членовите на бендот поминуваат на пешачки премин.

Фотографиите, вклучително и некои на кои се појавуваат Пол Макартни, Џорџ Харисон, Џорџ Мартин и Ринго Стар, ќе се продаваат заедно со авторски права за помеѓу 200 и 300 фунти. Аукцијата ќе се одржи на 31 јули во голф клубот „Farleigh“ во Сари на југоистокот на Англија.



0 views

Comments


bottom of page