Search
Полјак победи на 50 километри брзо одење
Давид Томала од Полска го освои златниот медал во трката на 50 километри брзо одење. Трката се одржа во Сапоро, на островот Хокаидо. Томал вторпат во кариерата се натпреваруваше во оваа дисциплина. Претходно се натпреваруваше на 20 километри, но се префрли на подолгата патека бидејќи барал нови предизвици. До златниот медал стигна со предност од 36 секунди во однос на второпласираниот Џонатан Хилберт од Германија. Третото место и бронзениот медал му припадна на Канаѓанецот Еван Дунфи. Трка на 50 километри во брзо одење нема да се одржи за три години во Париз бидејќи нема нема да има женски еквивалент на трката.
Comments