top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Полуфиналисти се Карлсен, Раџабов, Непомнијашчи и Со Шах

Маг­нус Карл­сен – Ти­мур Ра­џа­бов и Јан Не­пом­ни­јаш­чи – Вес­ли Со, се по­лу­фи­нал­ни­те двој­ки на ше­сти­от по ред ин­тер­нет-тур­нир на шампионите во за­бр­зан шах (15 ми­ну­ти, плус 10 се­кун­ди по се­кој по­тег, по играч) „Крип­то-куп“, вре­ден ре­корд­ни 320.000 евра, од вкуп­на­та се­ри­ја на 10 тур­ни­ри, ко­ја ќе за­вр­ши во сеп­тем­ври го­ди­на­ва.

Во че­твр­тфи­нал­ни­те ду­е­ли, свет­ски­от пр­вак, Норвежанецот Карл­сен го по­бе­ди Американецот Хи­ка­ру Нка­му­ра во т.н. тај­брејк (пет минути, плус две секунди по играч) со 2-0, Американецот Со бе­ше по­до­бар од Французинот Ма­ксим Ва­шер Ле­грав (5-2), Русинот Не­пом­ни­јаш­чи од Амероканецот Фа­би­ја­но Ка­ру­а­на (5,5-4,5), а Азербејџанецот Ра­џа­бов од Холанѓанецот Аниш Ги­ри (4,5-3,5).

На тур­ни­рот на­ста­пи­ја 16 ша­хи­сти, а по ре­гу­лар­ни­от дел, во кој прв бе­ше Ка­ру­а­на со 10 по­е­ни од 15 пар­тии, а Карл­сен бе­ше ше­сти со 8,5, по­на­та­му се пла­си­раа пр­ви­те осум­ми­на.

На пр­ви­от и на тре­ти­от тур­нир сла­ве­ше Со, на вто­ри­от Ра­џа­бов, на че­твр­ти­от Ги­ри, а на пе­ти­от Карл­сен и тие обез­бе­ди­ја плас­ман на фи­нал­ни­от тур­нир. Засега во генералниот пласман води Карлсен (185 бода), пред Со (145), а трет е Раџабов (109). Г.И.


2 views

Comments


bottom of page