Полубратот на Елвис Присли: „Верувам дека се самоуби, тој живееше во страв“
Полубратот на Елвис Присли верува дека покојниот пејач извршил самоубиство.
„Намерно пиеше лекови кои го убија“, тврди Дејвид Стенли во „Elvis’s Wives“, новиот документарен филм на Амазон прајм за Елвис Присли, пишува „Пејџ сикс“. „Љубов, повреденост, болка, изложување на јавноста… Едноставно не можеше да го поднесе сето тоа да го поднесе“, изјави 85-годишниот Стенли.
Во документарецот, чијашто премиера беше во мај, Стенли тврдеше дека и неговиот полубрат се плашел да не се разоткријат неговите наводни врски со тинејџерки.
„Ми се гади од неговото мешање со млади девојки, од 15 или 16 години“, изјави тогаш неговиот полубрат, кој смета дека е „чудо“ што пејачот никогаш не бил уапсен.
Фото: IFA Film / United Archives / Profimedia
Имено, Стенли вели дека Присли „се излекол од многу ситуации од кои многумина не успеале да се извлечат, и тоа само поради парите, богатството, славата, моќта и харизмата“.
Конкретниот документарец, кој вклучува интервјуа со жени кои тврдат дека Присли ги прогонувал во младоста, исто така го обработува и неговиот однос со неговата сопруга Присила Присли, со која легендарниот пејач се ожени во 1967 година. Тие ја имаа ќерката Лиза Мари Присли, која почина годинава на 54-годишна возраст.
Врската на поранешната двојка ќе биде прикажана и во филмот „Priscilla“ на режисерката Софија Копола, чија премиера треба да се случи во октомври годинава.
Comments