top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Полскиот селектор го споредил Меси со легендарен скијач

Аргентина и Полска во меѓусебен дуел ќе ја заокружат групната фаза, а победникот би можел да го освои и првото место во групата.

Лео Меси проработе во вистинско време, па го скрши отпорот на Мексико, а полскиот селектор во свој стил ја опишал опасноста која ја носи аргентинската ѕвезда.

Чеслав Михневич го споредил Меси со легендарниот скијач Алберто Томба.

– Меси го прави истото што го правеше Томба на патеките.

– Тој може да помине покрај сите со атрактивен слалом, а ако го направи тоа тешко ќе спречиме гол. Сепак ова не е тенис и Меси не игра против Левандовски, на двајцата им се потребни соиграчите, – изјавил Михневич.


0 views

Comments


bottom of page