Search
Полска недостоен ривал, Франција прв патник во финалето на ЕП
- Aleksandar Santovski
- Sep 16, 2022
- 1 min read
Селекцијата на Франција е прв финалист на 41. Европско првенство и тоа откако си поигра со Полска во денешното полуфинале во Берлин.
„Триколорите“ беа доминатнини и славеа со дури 41 разлика (95-54). Французините одигра страшна одбрана во првото полувреме кое го завршија со 34-18 по што во вториот дел дополнително проработе и шутот, па Полјаците доживеаа вистиска катастрофа на овој натпревар.
Сите играчи кај Франција се запишаа во листата на стрелци, предводник беше Јабуселе со 22 поени, Окобо и Фурние уфрлија по 10 кошеви.
Кај поразените ниту еден играч не беше двоцифрен, односно по 9 поени дадоа Слотер и Михалак.
Во второто полуфинале ќе се соочат Германија и Шпанија.

Comments