Полицијата доби налог да го одземе телефонот на Алек Болдвин
17.12.2021 Dekemvri Petok
Полицијата која го истражува фаталното пукање на сетот на Rust добила налог за запленување на телефонот на актерот Алек Болдвин, кој исто така е и продуцент на филмот. Снимателката Халина Хачинс почина, а режисерот Џоел Соуза беше повреден во текот на пробата на сетот на вестернот. Според претходен писмен исказ до судот, Болдвин вежбал извлекување на пиштол-реквизит од футролата, по што го вперил пиштолот во камерата. Оружјето испукало куршум кој ја погодил Хачинс во градите. Болдвин (63) инсистира на тоа дека не го повлекол орозот. Налогот за проверка на неговиот телефон го издаде судот во Санте Фе во Ново Мексико – државата каде што се снимаше филмот. Во судскиот налог се наведува: „Mожно е да има докази во телефонот кои би биле материјални и релевантни за истрагата“. Истражителите побараа да се одзеде Епл-ајфонот „за кој се верува дека е во сопственост на Болдвин“. Тие сакаат да ги погледнат текстуалните пораки, е-пошта, историја на веб-прелистувач и други информации зачувани во телефонот.
Comments