top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Политички скандал во Токио: Алжирски џудист се повлече пред борбата со израелски противник

23.07.2021 Juli Petok

Олимписките турнири започнаа во одредени спортови уште пред официјалното отворање на летните игри кое е во тек, па по комплетирањето на првиот натпреварувачки ден, пристигна една скандалозна вест поврзана за еден алжирски борец.

Џудистот Фети Нурин реши да се повлече од Олимпискиот турнир во џудо и покрај тоа што ја мина првата рунда, од едноставна причина што не му се допаѓа националноста на следниот ривал во второто коло.

Нурин вчера го победил Суданецот Абдалрасол, но решил експресно да се повлече од Олимпијадата откако дознал дека нареден противник му е Израелецот Тохар Бутбул.

Политичкото прашање и препирките меѓу двете земји очигледно имаат огромно влијание кај поедини спортисти, па навистина лошо е да се слушне ваква вест на еден голем настан како што се Олимписките игри.

– Напорно работевме за да дојдам на Олимписките игри, но палестинското прашање е поголемо од цела оваа организација. Мислам дека донесовме правилна одлука, – изјавил Нурин кој поради идентичен „проблем“, се повлекол пред борба и на Светското првенство во 2019-та година.


2 views

Comments


bottom of page