top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Политичарите му возвратија на Ѓоковиќ со остар форхенд

14.01.2022 Januari Petok

Во политиката, како и во тенисот, резултатите се во прв план, а Новак Ѓоковиќ се соочува со пораз судејќи според политичките бројки, пишува „Сиднеј морнинг хералд“ по повторното поништување на визата за влез на најдобриот светски тенисер во Австралија

– Премиерот Скот Морисон ја направи рационалната одлука да ја испрати богатата тениска ѕвезда дома, откако го зема предвид големиот политички ризик од пружањето на специјален третман за Ѓоковиќ. Допуштајќи му на Србинот да остане во Австралија, ќе беше „шлагот на тортата“ од политички грешки, со дебел слој на политичко безумие – наведува австралискиот весник.

Беше неодржливо да му се дозволи на невакциниран тенисер да влезе во Австралија кога изнел погрешни информации пред граничните служби, но политичките фактори беа клучни за одлуката на министерот за имиграција Алекс Хоук за укинување на визата, кој е еден од најблиските сојузници на Морисон.

„Сиднеј морнинг хералд“ нагласува и дека сагата на Ѓоковиќ ја потенцираше австралиската пандемиска дисфункционалност, претставувајќи национален срам кој може да биде продолжен по судски пат.

Австралиските медиуми пренесуваат дека Ѓоковиќ нема повторно да биде задржан во притвор, со што од него се бара да се појави на разговор со службениците за имиграција. Извесно е дека адвокатите на Србинот ќе се жалат на одлуката на австралиската власт, а доколку го загубат процесот, првиот светски рекет се соочува со тригодишна забрана за влез во Австралија. Правниот тим на Ѓоковиќ се надева дека судот ќе одлучи за жалбата до почетокот на Австралија опен, со што првиот носител би добил прилика да настапи во Мелбурн, ако оствари уште една судска победа.

Одлуката ги загрозува амбициите на Ѓоковиќ за освојување на 21-от рекорден гранслем-трофеј во Мелбурн, но внесува и хаос во пресрет на турнирот кој почнува в понеделник.


1 view

Comments


bottom of page