Пол Макартни ќе прими вакцина против Ковид-19
18.12.2020 Декември Петок Легендата на „Битлси“, сер Пол Макартни, изјави дека сака да прими вакцина против коронавирус, објави британски „Сан“, додавајќи дека тој е меѓу првите глобални суперarsвезди кои решија да се вакцинираат. 78-годишниот Макартни е во трета група – луѓе над 75 години – со право на вакцинација. Музичарот изјави дека верува оти вакцината ѝ нуди на Велика Британија излез од несреќата и мракот на ковид-пандемијата. „Вакцината ќе не извлече од ова “, изјави Макартни претходно во интервју за „Сан“. Мислам дека ќе дека ќе ја поминеме оваа здравствена криза, и вакцината е одлична вест . Ќе ја примам веднаш штом ќе ми дозволат “. Велика Британија почна со вакцинирање против коронавирус на 8 декември. Први на ред беа лицата над 80 години. Вакцинирањето не е задолжително
Comments