top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Покетино откри кога Мбапе ќе донесе конечна одлука за неговата иднина

Килијан Мбапе е еден од најдобрите играчи на Пари Сен Жермен, клуб за кој настапува од 2017 година, но и клуб кој може да го напушти на крајот на актуелнава кампања.

Неговиот договор со „светците“ му завршува на крајот на месец јуни и медиумите веќе подолго време навестуваат дека веќе се има договорено за да се пресели во шпанскиот великан Реал Мадрид. Меѓутоа засега официјално нема ништо на оваа тема, односно тренерот Маурисио Покетино обелодени дека напаѓачот ќе ја затвори темава по осминафиналната битка со „кралевите“ во Лигата на шампионите.

-Килијан ќе донесе одлука за својата иднина по дуелот со Реал во Лигата на шампионите. Во моментов, тој е целосно фокусиран што подобри работи за ПСЖ ,-рече Покетино и додаде:

-Тој е голем професионалец. Сите го почитуваме. Знаеме дека одлуката е на него. Сепак, тоа не го оптоварува секогаш да дава максимум во дресот на Пари Сен Жермен, -заврши аргентинскиот стратег.


3 views

Comments


bottom of page