top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Покетино за сугестијата на фановите на Челси: Не планирам да бидам кловн

05.04.2024 April Petok

Маурисио Покетино еуфорично го прослави големиот пресврт и победата на Челси над Манчестер Јунајтед, но по натпреварот не се согласил со сугестијата на фановите на „сините“ која му била пренесена од новинарите.

Навивачите сметаат дека Аргентинецот треба да биде потемпераментен и да покажува повеќе страст покрај аут-линијата, а пред медиумите испорачал интересен одговор.

– Страста не подразбира дека треба да бидете луд човек кој прави глупави работи покрај аут-линијата.

– Тимот треба да ја покаже својата страст на теренот, додека јас мора да бидам смирен, аналитичен и концентриран за да може да исправиме некои работи. Сепак, ова не е циркус, па да ни треба кловн на клупата.

– Ние сме еден од најмладите тимови во Европа, па ние во стручниот штаб мора да бидеме мирни. Јас сум тренер, а не кловн, ако некому му е потребен кловн, ќе мора да го бара на друго место, – рекол Покетино.


0 views

Comments


bottom of page