Покетино за Мудрик: Тој не беше цреша на тортата…
Челси успеа да го совлада градскиот ривал Фулам со 2-0 во последната средба од 7. коло во Премиер лигата.
Двата гола за „сините“ беа дело на Михаило Мудрик и Армандо Броја, двајца играчи од кои многу се очекува на „Стемфорд Бриџ“, меѓутоа засега имаат скромен учиник. Пред се големи критики имаше за Украинецот кој за огромна сума на пари пристигна во Лондон за да вчера конечно постигне гол за англискиот великан.
Тренерот Маурисио Покетино испрати комплименти за двајцата, но и испрати барање, молба до фановите да бидат потрпеливи и да им дадат вистинска шанса на младите играчи.
-За Миша, тој го постигна својот прв гол во Премиер лигата, а за Армандо по подолг период повторно погоди. Многу сум среќен за нив, тие тоа го заслужуваат. Треба да разбереме дека на младите им треба време и треба да се средат. Се работи за адаптација. Голема промена е кога Мудрик пристигна овде и кога ќе пристигнете во тим, не е лесно да се сместите во тим што не е солиден. Тој не беше цреша на тортата, тие требаше да додадат нешто во тимот.
-Се работи за време, да имаме трпение, да им веруваме на овие млади талентирани играчи, да изградиме самодоверба. Тоа е голема работа, чекор по чекор. Понекогаш луѓето немаат трпение, но за нас е да имаме трпение. Дури и кога не победувавме, бевме смирени, останавме позитивни, имавме верба, -рече Аргентинецот кој посочи и зошто Украинецот беше заменет на полувреме.
-Почувствува нешто во што треба да го оцениме. Не се чувствуваше удобно да продолжи да игра. Се надеваме дека не е голем проблем, се надеваме дека не е ништо големо и тој ќе може да биде достапен за сабота, -порача Покетино.
Нареден противник на Челси е составот на Барнли.
Comments