top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Покана на Мадона до Бритни Спирс: Поп-иконите планираат легендарно обединување на сцената

Се чини дека кралицата на попот, Мадона, има нова ставка на списокот со задачи: да ја врати Бритни Спирс во центарот на вниманието заедно со неа на турнејата „Celebration“.

Според ексклузивните извори до кои дојдоа Пејџ сикс, Мадона подготвува план на сцената да ѝ се придружи новопечената сингл пејачка Бритни Спирс за време на турнејата која ја подготвува. Двете се другарки подолго време, а гласините велат дека тие дури имаат и ист агент.

Се сеќавате на оној легендарен момент кога Мадона, Бритни и Кристина Агилера се бакнуваа на сцена за време на доделувањето на видео музичките награди MTV во 2003 година? Сега, Мадона сака да ја оживее таа магија со заеднички дует со Бритни. Инаку, тие ја слават 20-годишнината од нивната хит соработка, „Me Against the Music“, објавена во октомври 2003 година.Последниот месец беше прилично тежок и за двете поп легенди. Мадона се врати назад по престојот во болница откако беше дома најдена без свест, докажувајќи дека ништо не може да ја спречи. И Бритни, принцезата на попот, се соочува со неодамнешниот развод од Сем Асгари. Но, поговорката вели: „Она што не те убива те прави посилен“, а Бритни е подготвена да ја ослободи својата креативна моќ.

Додека по оваа вест јавноста е во исчекување, да се потсетиме дека Бритни е надвор од играта за јавен настап од 2018 година. Сепак, според извор близок на Page Six, таа планира нов албум, и веќе се зборува за потенцијално враќање на сцената. Доколку се случи овој спектакл Спирс-Мадона, тоа би можело да биде поп настан на векот!



1 view

Comments


bottom of page