Search
Познато име се враќа во Тафталиџе: Андерсон повторно ќе го носи дресот на ТФТ
Интернационалецот од Австралија, Лахланд Андерсон повторно ќе го носи дресот на македонскиот прволигаш ТФТ Скопје.
Андерсон во натпреварувачката 2020/2021 беше прв стрелец во клубот од Тафталиџе по што минатата сезона ја мина во дресот на Јонава од Литванија каде имаше просек од 6,1 поен и 2,2 скококови.
Ова лето играше во родната татковина за Банкстовн Бруинс од каде доаѓа во Скопје.
ТФТ во престојнава кампања освен на домашната сцена ќе игра во АБА2 лигата, а ќе се испроба и во квалификациите за Лигата на Шампионите на ФИБА.
Comments