Search
Познато е кој ќе биде домаќин на 96. доделување на „Оскарите“
- Aleksandar Santovski
- Nov 16, 2023
- 1 min read
Џими Кимел ќе се врати на сцената четврти пат како водител на „Оскарите“. Познатиот водител и комичар ќе биде домаќин на 96. доделување на „Оскарите“, а неговата сопруга Моли Мекнирни ќе биде извршен продуцент на телевизиската емисија. „Отсекогаш сонував да бидам домаќин на ‘Оскарите’ точно четирипати“, се пошегува Кимел, а извршниот директор на Академијата, Бил Крамер, и претседателката на Академијата, Џенет Јанг, рекоа дека се „задоволни што Џими ќе се врати како водител, а Моли како извршен продуцент“. Инаку, поради штрајкот во Холивуд, имаше шпекулации за потенцијално одложување на датумот на доделувањето на „Оскарите“, но сега се знае дека доделувањето на наградите ќе се одржи според планираниот датум, 10 март 2024 година.

Comments