Познати се паровите за четвртфиналето во Купот на Македонија
- Aleksandar Santovski
- Dec 25, 2021
- 1 min read
По комплетирањето на 11. првенствено коло во првата македонска кошаркарска лига, познати се паровите за четвртфиналето во Купот на Македонија кој како што е познато го носи името на нашата легенда „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Завршницата на ова натпреварување ќе се одигра во месец февруари и тоа во периодот од 18 до 20, а на истото во првите пресметки ќе ги имаме овие парови кои се одредени по пласманот на табелата по системот 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.
Двојките се следни:
1. (1) Пелистер – (8) ТФТ, 2. (2) МЗТ Скопје Аеродром – (7) Гостивар, 3. (3) Работнички – (6) Феникс 2010, 4. (4) Навико Академија ФМП – (5) Еуро Никел 2005
Вреди да се напомене дека имавме екипи кои се изедначени по бодови, па според правилата во таква ситуација решаваат меѓусебните средби, односно се прави мини-табела кога се во прашање повеќе тимови.
Ова значи дека вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички можат да се соочат само во полуфиналето, секкао по услов прво да бидат поуспешни од Гостивар, односно Феникс.

Comments