top of page

Познати двете групи за новата сезона во АБА лигата кошарка

20.07.2026 Juli Ponedelnik

Беше одржана ждрепката за новата натпреварувачка сезона 2026/27 на најдоброто регионално кошаркарско натпреварување.

Вкупно 20 екипи се поделени во две групи, вечните ривали Партизан и Црвена звезда повторно ќе бидат одвоени, исто како и во претходните години.

ГРУПА А: Црвена звезда, Будуќност Подгорица, Цедевита Олимпија, Цибона, Игокеа, ФМП, Борац Чачак, Крка, Широки, Братислава.

ГРУПА Б: Дубаи, Партизан, Клуж, Студентски центар, Задар, Спартак Суботица, Босна, Мега, Илирија, Виена.

Интересно е што една година претходно, Црвена звезда беше во истиот дел од ждрепката со подгоричкиот тим Будуќност, додека „црно-белите“ водеа битки со Дубаи, актуелниот шампион на АБА лигата.

Повратникот во елитниот ранг на регионалното натпреварување, Цибона од Загреб, и новиот член од Словачка, исто така се членови на Групата А.


 
 
 

Comments


bottom of page