top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Познат изгледот на „шеширите“, ждрепката за ЛШ е во четврток!

26.08.2021 Avgust Cetvrtok

Шахтјор го комплетираше списокот на 32 екипи кои ќе играат во групната фаза на Лигата на шампионите и ќе се надеваат на подигнување на најпрестижниот трофеј следната година. Вообичаено, екипите ќе бидат поделени во четири „шешири“, а ќе бидат креирани осум групи со по четири екипи, со што правилата не дозволуваат повеќе клубови од иста земја во една група. 1: Челси, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Интер, Вилјареал, Спортинг, Лил 2: Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Ливерпул, Севилја, Борусија Дортмунд 3: Порто, Ајакс, Шахтјор, РБ Лајпциг, РБ Салцбург, Бенфика, Аталанта, Зенит 4: Бешикташ, Динамо Киев, Бриж, Јанг Бојс, Милан, Малме, Волфзбург, Шериф Ждрепката ќе се случи во четврток во Истанбул, во 18 часот по средноевропско време. Првите натпревари од групната фаза почнуваат на 15 и 16 септември, а истата завршува со натпреварите на 7 и 8 декември, за напролет да продолжат оние најуспешните.



1 view

Commentaires


bottom of page