Search
Познат датумот за премиерата на филмот „No Time to Die“
31.08.2021 Avgust Vtornik
Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд „No Time to Die“ е закажана за крајот на септември, и покрај гласините дека ќе биде одложена по четврти пат.
Universal и MGM објавија на официјалниот Twitter профил дека премиерата е закажана за 28 септември во Лондон. Во САД ќе почне да се прикажува од 8 октомври.
Премиерата на филмот беше закажана за април минатата година, но беше одложена поради пандемијата со коронавирусот.
Филмскиот серијал за Џејмс Бонд е меѓу франшизите со најголема заработка во Холивуд. Последните два филма остварија заработка од речиси 2 милијарди долари.
Comments