top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Познат актер кој повеќе не може да зборува сака повторно да го глуми Бетмен

Актерот Вал Килмер изјави во вторникот дека би бил заинтересиран да се врати во улогата на Бетмен по огромниот успех на блокбастерот „Топ Ган: Маверик“ претходно оваа година. Килмер го откри ова во текот интервју преку електронска пошта, за IGN, бидејќи не може да зборува по трахеотомијата што му беше направена пред неколку години. „Сега имаме повеќе универзуми во стрипови во кои актери кои го глумеле Бетмен или Спајдермен во минатото се здружуваат со сегашен актер кој го глуми ликот. Дали сте заинтересирани повторно да бидете човекот-лилјак Брус Вејн?“ го праша репортерот, а Килмер одговори потврдно. Килмер глумеше покрај Крис О’Донел во „Бетмен засекогаш“ од 1995 година, пред да биде заменет со Џорџ Клуни за продолжението „Бетмен и Робин“ од 1997 година. Веста за потенцијалното враќање на 62-годишниот актер во Готам доаѓа набргу откако „Ворнер Брос“ одлучи да го одложи претстојниот филм „Бетгрл“ (Жена-лилјак“), во кој главната улога ја толкува Лесли Грејс, а Мајкл Китон ја репризира улогата како Бетмен.



2 views

Komentarze


bottom of page