Позитивни вести: Милан добива „засилување“ за дуелот со Удинезе
Милан влезе во една мини криза и во последните пет натпревари (сите конкуренции) има забележно само една победа и тоа против Џенова.
Повеќе од јасно е дека ова се резултати кои не се посакувани на „Сан Сиро“ и дека тренерот Стефано Пиоли ќе мора да пронајде решение, начин да го извади најдоброто од играчите кои ги има на располагање со оглед на тоа што добар дел од играчите се повредени и паузираат.
Меѓутоа пред средбата со Удинезе доаѓаат позитивни вести и истите се дека Рубен Лофтус Чик е на добар пат да се врати на терените. Тој беше стартер на седум од осумте средби за Милан пред да се повреди против Лацио, повреда која веќе е зад него.
„Газета Дело Спорт“ пренесува дека Англичанецот веќе не чувствува болка и ќе му се приклучи на тимот, поточно ќе биде во игра за настап против Удинезе со тоа што најверојатно би бил резервист со оглед на паузата.
Bình luận