top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пожари и блокирани железници, хаос на првиот олимписки ден

26.04.2024 Juli Petok

Олимписките игри започнаа неславно за љубителите на спортот и гледачите кои во живо ќе ги следат натпреварите. Серија подметнати пожари врз француската железничката мрежа предизвика вистински хаос во Париз пред вечерашното отворање на Олимписките игри.

Ноќва избувнаа пожари на клучните инсталации, поради што возовите запреа и железничкиот сообраќај запре, што доведе до хаос меѓу навивачите и туристите во француската престолнина.

Францускиот министер за транспорт Патрис Вергриет изјави дека се извршени низа „координирани злонамерни дејствија“ со серија пожари.

Нападите се фокусираа на мрежата на брзите возови, кои ја покриваат цела Франција и ќе бидат клучна мрежа за навивачите и гледачите кои доаѓаат во Париз. За нападите ќе биде отворена кривична истрага, но засега не се знае кој стои зад нив.


4 views

Comments


bottom of page