ПОЕДИНЕЧНО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА ШАХИСТКИ
ПОЕДИНЕЧНО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА ШАХИСТКИ
Македонските шахистки почнаа со пораз водејќи ги белите фигури на 23. Европско поединечно првенство (ЕП) во Петровац (Црна Гора). Ивана Манова (1.923 рејтинг-поени, рангирана 115-та пред почетокот на ЕП) загуби од ФИДЕ-мајсторот (ФМ) од Бугарија, Белослава Крастева (2.292, 48-ма), Катерина Петровска (1.907, 117-та) од Украинката Јелизавета Хребеншчикова (2.289-50-та), а Моника Жежовска (1.761, 126-та) од ЖВМ од Азербејџан, Туркан Мамеѓарова (2.229-58-ма). На ЕП играат 136 шахистки (од кои шест ВМ, 15 ЖВМ, 33 ИМ, 22 ЖИМ, шест ФМ, 25 ЖФМ) од 35 држави (досега најмногубројно ЕП беше во Белград во 2013 година, со 169 шахистки), а најмногубројни се од Полска и од Азербејџан со по 14 претставнички. Просечниот рејтинг на ЕП е 2.153 поени, наградниот фонд изнесува 60.000 евра, поделен на 10 дела, а победничката ќе добие 20.000 евра. Првите девет шахисти ќе се квалификуваат за настап и на Светското првенство (СП) годинава. Во првото коло имаше неколку изненадувачки резултати, прворангираната на ова ЕП, ВМ од Грузија, Бела Котенашвили (2.491) ремизира со ЖИМ од Романија, Мируна-Дариа Лехачи (2.202, 68.), трикратната европска шампионка ВМ од Русија, Валентина Гунина (2.479, рангирана втора), го подели поенот со ФМ од Бугарија, Надја Тончева (2.192-69-та), ИМ од Израел, Марсел Ефроимски (2.451, рангирана четврта), загуби од ЖИМ од Литванија, Саломеја Заксаите (2.187, 71.), поранешната светска првенка (2004/2006), Бугарката Антоанета Стефанова (2.433, рангирана осма) ремизира со ЖИМ од Полска, Александра Лач (2.170, 75-та)… Актуелната шампионка од Прага во 2022 година, Моника Сочко (2.432 поени) од Полска, која е рангирана на 10-то место, забележа цел поен, како и двократната европска првенка, Украинката Наталија Жукова (2.322, 40-та). Според она што беше видено во воведното коло, на ова ЕП се очекуваат многу возбудливи партии со неизвесни резултати. Г.И.
Comentários