Подрумот на Операта ќе биде спремен за џез-оркестарот најдоцна до јули, најави министерката Костадиновска
Официјално е почната реконструкција и апатација на просторот што ќе биде наменет за трајно користење на Националниот џез-оркестар.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи денес го посети подрумскиот дел на Националната опера и Балет (старата килимарница), каде што ќе биде сместен оркестарот.
Костадиновска-Стојчевска објасни дека просторот зафаќа 500 квадарни метри, а ќе има место за проби, магацин за инструменти, студио за снимање. Целото реновирање ќе чини 10 милиони денари.
„Националниот џез-оркестар ја заокружи својата институционална форма. Ја исполнивме обврската за трајно решение на џез-оркестоарот и го остваривме ветувањето за нов дом на установата. Ќе добиеме ново место за развој на музичката култура“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Реконструкцијата се очекува да биде завршена најдоцна до јули.
Пред два месеца беше потпишан договорот за адаптацијата на просторот.
Comentarios