Подморницата „Титан“ остана без кислород: Што сега?
- Aleksandar Santovski
- Jun 22, 2023
- 4 min read
Туристичката подморница Титан имаше резерви на кислород за околу 96 часа, Проценките се дека членовите на екипажот останале без кислород денеска околу 13 часот
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Подморницата Титан на OceanGate исчезна на околу 700 километри јужно од Сент Џонс, Њуфаундленд, во Атлантскиот Океан на 18 јуни. Според проценките на експертите, во тој момент во него имало кислород околу 96 часа, за пет лица, колку што има во подморницата. Околу 13 часот и 8 минути по локално време, членовите на екипажот останале без резерви на кислород, доколку воопшто биле живи во тој момент.
Сепак, ни тоа не е сосема сигурно, бидејќи како што истакнуваат експертите, снабдувањето со воздух зависи од повеќе фактори, меѓу кои и дали подморницата се уште има моќ и колку биле смирени луѓето на неа.
Проколнатиот „Титаник“ по 111 години може да земе уште пет жртви
Имено, овој туристички брод тргнал на обиколка на потонатиот брод Титаник, во Атлантскиот Океан, на длабочина од околу 3.800 метри. Сигналот е изгубен само час и 45 минути откако тие нурнале, што би значело дека подморницата во тој момент била веднаш над остатоците на познатиот потонат брод, но не на дното на океанот.
Во подморницата се британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот богаташ Шахзада Давуд, неговиот син Сулејман и истражувачот Пол-Хенри Наргеолет, како и Стоктон Раш, извршен директор на OceanGate – компанијата зад оваа експедиција.
Подморница Титан на Оушнгејт / Фото: Ocean Gate / Handout / AFP / Profimedia
Има многу можности кои можеа да се случат со Титан
Искусниот нуркач Мајкл Харис, кој се спуштил во длабочините на океанот за да ги види остатоците од потонатиот Титаник, стравува дека подморницата што исчезна во неделата можеби се распаднала илјадници метри под водата, пишува Дејли мејл.
„Најлошото сценарио е нешто да се случи со трупот и стравуваме дека тој експлодирал на длабочина од околу 3.200 метри“, рече тој.
На овие длабочини, тежината на водата врши огромен притисок врз исчезнатата подморница – околу 12.000 килограми на секои 2,5 квадратни сантиметри од нејзиниот труп.
Друг истражувач на длабочините, д-р Дејвид Гало, изјави дека експертите кои се ангажирани во спасувањето знаеле дека тоа ќе се случи во одреден момент, но обвини дека ништо не преземале да ја тргнат оваа опасност .
„Очекувавме дека ова ќе се случи , но не во овој момент. Повеќе од јасно беше што ќе се случи и ги знаевме сите проблеми со подморницата, како што ќе се случи ако се заглави во близина на остатоците од Титаник или . ако батеријата батеријата се испразни, но ништо не беше преземено бидејќи , немаше никаква ниту идеја ниту план“, рече тој.
„На некој начин ова не беше изненадување, но навистина се случи. Сите сме запрепастени“, изјави д-р Гало за Sky News.
Последната вест која стигна од надлежните органи, според странските медиуми, е дека од тој дел на океанот се слушале звуци слични на удирање. Имено, канадскиот авион кој барал исчезната подморница во Атлантскиот океан детектирал повремени звуци на „тропање“ од близина на неговата последна позната локација, соопшти американската крајбрежна стража.
Екипите кои ја бараа исчезнатата подморница слушаа удари на секои 30 минути во вторникот и повторно четири часа подоцна во средата, откако беа распоредени дополнителни сонарни уреди. Сепак, американската крајбрежна стража појасни дека „не го знаат изворот на бучавата“.
Тие во кратката изјава на социјалната мрежа Твитер напишаа дека некои од возилата на далечинско управување вклучени во потрагата биле преместени во обид да се утврди потеклото на звуците. Тие пребарувања „донесоа негативни резултати“ досега, но тие продолжуваат, се вели во соопштението.
Подморницата служи за истражување на остатоците од „Титаник“ – Фотографија Profimedia
Подморница со сомнителен квалитет
Инаку, Титан е мала подморница базирана на нови концепти кои се разликуваат од стандардниот дизајн. Покрај тоа, за разлика од повеќето бродови на длабоко море, Титан нема добиено никакво сертифицирање од реномирана поморска групација која врши таква работа за лиценцирање за други бродови, вклучувајќи ги и оние изградени од OceanGate кои нуркаат на помали длабочини.
Мајк Рајс, продуцент и писател на „Симпсонови“, се качи на Титан минатото лето и рече дека патниците морале да потпишат откажување во кое трипати се споменува смртта на првата страница.
Во времето на поднесувањето, Титан претрпе повеќе од 50 пробни нуркања, вклучително и до длабочина еквивалентна на Титаник, во длабоки води крај Бахамите и во комора под притисок, соопшти компанијата.
За време на својата експедиција во 2022 година, OceanGate објави дека подморницата имала проблем со батеријата при првото нуркање и мора да биде рачно прикачена на платформата за кревање.
За потсетување, билетите за осумдневно патување кое вклучува возење со брод до местото на потонување на Титаник и нуркање со подморница на длабочина од 3.800 метри чинат 250.000 долари.
Засега во потрагата се користени воени авиони, подморница и сонарни пловци, а не се знае што ќе се случува понатаму. Единствено познато е дека далечински управувани роботски возила (ROV) опремени со камери ќе ги скенираат длабочините на морското дно во текот на денот.
Подморницата Виктор 6000, испратена од Франција да помогне во спасувачката операција на барање на американската морнарица, пристигна на местото на остатоците од Титаник.
Виктор 6000, наречен „последната надеж на подморницата за спасување, може да нурне до длабочина од 6.000 метри и може да го врати Титанот ако се заглави на дното на океанот, но нема да може сам да го подигне




Comments