Подзаборавениот Лингард добива нов ангажман во Премиер лигата
Џеси Лингард беше еден од играчите кој важеше за еден од најголемите англиски таленти, играч кој требаше да биде меѓу предводниците на Манчестер Јунајтед, но и на англиската репрезентација.
Меѓутоа тие високи очекувања не се остварија, Џеси имаше добри и лоши моменти во Јунајтед по што лани си замина од „Олд Трафорд“ и се пресели во Нотингем Форест каде воопшто не се прослави, наметна, односно испушти уште една шанса да си ја врати кариерата.
Ама како што стојат работите тој ќе добие нова прилика во најсилната англиска конкуренција и тоа од Вест Хем. „Евнинг Стандард“ пренесува дека офанзивецот импресионирал со својата работа, посветеност на тренинзите и „чеканите“ се спремни да го задржат.
Џеси веќе имаше една убав периов во Вест Хем од неколку месеци и тоа во 2021 година кога беше испратен на позајмица. Тој имаше учинок од 9 гола и 5 асистенции на 16 средби во ПЛ, но не остана тука, се врати во Јунајтед што се покажа како погрешен потег.
Лингард има 30 години и во досегашната кариера има забележано настапи уште за Лестер, Бирмингем, Брајтон и Дерби Каунти,
Comments