top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Поддршка од Еуримаж за македонските копродуценти

27.03.2024 Mart sreda

Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ додели финансиски средства за 26 проекти од вкупно 76 пријавени на сесијата која неодамна заврши.

„Оваа сесија ја одбележа шпанската кинематографија со вкупно 10 проекти, од кои 6 добија финансиска поддршка. Ако се има предвид дека секој пријавен проект во Еуримаж има потврдена национална финансиска поддршка ова навистина е респектабилен буџет и тоа само за една сесија“ – изјави националниот претставник Тања Ќурчинска Пепељугоска по 171та сесија.

„Мартовската сесија ја одбележа и родовата еднаквост, која изразена во статистика покажува дека од вкупно 26 проекти 14 се на режисерки. Доколку ги анализираме доделените средства, 61% од вкупниот мартовски буџет припаѓа на овие 14 проекти во режија на жените режисерки.

Проектот „Бело се пере на 90“ во режија на словенечкиот режисер Марко Небершник доби поддршка во износ од 149.000 евра. Во овој проект учествуваат голем број копродуценти од Словенија, Италија, Србија, БиХ, Црна Гора, а од нашата држава копродуцент е „Црна Мачка“ од Скопје.


1 view

Comments


bottom of page