top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Подготовки за новата комедија „Лагата“ во МНТ

На малата сцена во Македонскиот народен театар во тек се читачките проби за претставата „Лагата“, работена по текст на современиот и мошне актуелниот француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.

„Лагата“ на Флоријан Зелер е безмилосна комедија која ги анализира лицемерите во општеството. Лавиринт на лаги и измами и непријатни вистини што се случуваат во бракот.

Мишел и Лоранс доаѓаат на вечера, но Алис истото попладне го забележува Мишел како се бакнува со друга жена, притоа е во дилема дали да ѝ каже на пријателката што видела или не. Нејзиниот сопруг Пол верува дека е подобро да се однесуваат како ништо да не се случило. Алис е далеку од сигурна. Со оглед на тоа што нивната сопствена врска се држи под лупа, станува јасно дека некои вистини најдобро е да не се кажат… а границата меѓу вистината и лагата може да биде опасна за преминување. Во претставата која во нашата земја се поставува за првпат играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. Сценографијата ја работи Крсте Џидров-Џиби, костимите ќе бидат дизајн на Роза Трајческа-Ристовска, а авторската музика во оваа театарска претстава ја потпишува Игор Василевски-Новоградска.

Премиерата се очекува кон втората половина на мај годинава.



4 views

コメント


bottom of page