Search
Под диригентската палка на Габриел Фелц: Белградска филхармонија со концерт во Скопје
29.09.2021 Septemvri Sreda
Еден од најдобрите оркестри на Балканот, Белградската филхармонија, на 9 октомври во 20 часот ќе гостува во Филхармонија. Диригент е маестро Габриел Фелц (Германија), а на програмата е Симфонијата бр.6 од Густав Малер.
Основана во 1923 година, Белградската филхармонија денес се позиционира како најдобар оркестар во регионот и ансамбл кој претставува освежување на меѓународната концертна сцена. Во 2017 ја започнаа традицијата на концерти на отворено кои бележат историски успех и се едни од најголемите од областа на класичната музика на Балканот. Повеќе од 30 илјади луѓе присуствуваа на првиот концерт кој го водеше шеф-диригентот Габриел Фелц, а како специјален гостин настапии познатиот Зубин Мехта.
Commenti