Погледнете како емотивно реагираше Винчиќ кога дозна дека ќе го суди финалето на СП
- Aleksandar Santovski
- Jul 21
- 2 min read
17.07.2026 Juli Petok
Словенечкиот судија Славко Винчиќ (46) ќе го суди финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се игра во недела. Винчиќ ја опиша оваа можност како „неверојатна чест“. Судијата од Марибор за неговото назначување дознал од Пјерлуиџи Колина, шефот на судиите на ФИФА и претседател на судискиот комитет на ФИФА, и рекол дека веста целосно го изненадила.
“Значи, пред се шок. Потоа среќа. Се тресев. Неверојатна чест е да се суди во финалето на Светското првенство. Тоа е нешто што е само сон за судија, за еден млад судија кога ќе започне. Затоа сум многу горд, многу горд на себе и на мојот тим”, изјави Винчиќ.
Винчиќ ќе стане 23-тиот човек во историјата кој ќе суди финале на Светското првенство и првиот Словенец на кој тоа ќе му суди.
„Многу е тешко да се каже сето тоа со зборови, но јас сум многу горд што ја претставувам мојата земја Словенија на најголемиот спортски настан во светот. Многу сум горд. Мојот тим е многу горд и ќе дадеме се од себе“, додаде тој.
Кој е Винчиќ?
Винчиќ е искусен судија кој веќе водеше голем број на големи натпревари во европскиот и меѓународниот фудбал. Судеше на Евро 2020, а во 2022 година го водеше финалето на Лига Европа помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Ренџерс.
Две години подоцна, тој го судеше финалето на Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, а судеше и натпревари на Евро 2024, вклучувајќи го и полуфиналето меѓу Франција и Шпанија. Тој лани судеше на Светското клупско првенство во САД.
Ова е негов втор Мундијал. На СП 2022 во Катар судеше два натпревари, а на актуелниот турнир ги судеше Бразил – Мароко и Јордан – Алжир во групата и Мексико – Еквадор во осминафиналето.
Винчиќ истакна дека заслугата за неговото назначување е на целиот судиски тим, особено на помошните судии Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
“Судењето е тимска работа. Без нив, без Томаж и Андраж ова не би било возможно. Навистина сум среќен што ги имам во текот на мојата кариера, во текот на нашите кариери. Ние сме многу добри пријатели, добар тим и им благодарам”, изјави Винчиќ.
Четвртиот судија на финалето ќе биде Јорданецот Адам Махадме, а резервен помошен судија неговиот сонародник Мохамад Ал Калаф. (Извор: Индекс.хр)






Comments