top of page

Погачар се доближи до петтата титула на Тур де Франс

22.07.2026 juli Sreda

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Словенецот Тадеј Погачар во 14. етапа ја забележа четвртата етапна победа на годинашната велосипедска грантур-трка Тур де Франс, вкупно 25-та, а откако главниот ривал за жолтата маичка, Данецот Јонас Вингегор, го освои 4. место, со 44 секунди послабо време, Погачар го зголеми своето водство во генералниот пласман, со четири минути и 30 секунди пред Вингегор. Белгиецот Ремко Евенепул го задржа третото место во генералниот пласман, со пет минути и четири секунди зад Словенецот. Погачар има цел да стане најуспешниот возач во историјата на Тур де Франс со пет титули, колку што имаат и Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.– Благодарност до сите гледачи што дојдоа покрај патот. Навистина беше нешто незаборавно да се видат сите тие толпи на врвот на планината. Никогаш порано не сум видел нешто вакво. Има толку многу метеж на патеката што ви дава поттик – изјави Погачар, пренесе „Би-би-си“. Г.И.


 
 
 

Comments


bottom of page