top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Повторно фрлена чорба од грашок на слика на Ван Гог

Италијанските активисти за заштита на животната средина фрлија чорба од грашок врз сликата „Сејачот“ на Винсент ван Гог на изложба во Рим, а потоа се залепија за ѕидот со лепак.

Акцијата ја спроведоа четири жени од групата „Последната генерација“, која се бори против глобалното затоплување и употребата на фосилни горива, пренесе „Ројтерс“.

– Овие прашања за затоплувањето и фосилните горива треба да бидат на насловните страници на каналите за вести и предмет на политички теми секоја минута, но тие се споменуваат само кога има вакви „скандалозни“ акции – се вели во соопштението на групата.

Претставници од речиси 200 земји оваа недела ќе се соберат во Египет на конференцијата КОП27 за климатски промени, за да направат план за посериозни акции во борбата против глобалното затоплување.

Британската новинска агенција додава дека сликата на Ван Гог, „Сејачот“, е позајмена од музеј во Холандија и дека околу неа имало заштитно стакло, па затоа не претрпела никаква штета. Активистите за заштита на животната средина имаа слични акции неодамна во Лондон, фрлајќи супа врз слики од познати уметници.


0 views

Comments


bottom of page