top of page

Повредениот Ван Ерт ќе го пропушти Тур де Франс

19.06.2026 juni petok

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Ваут ван Ерт (31) ќе ја пропушти велосипедската грантур-трка Тур де Франс (почнува во Барселона на 4 јули) поради повреда на лактот. Белгискиот велосипедист, кој победи на трката Париз-Рубе во април, е клучен возач за својот тим Висма за висок пласман, заедно со четирикратниот победник на грантур-трките, Данецот Јонас Вингегор, пишува „Би-би-си“. Ван Ерт се повреди откако падна на тренинг пред минатонеделната етапна трка Тур Оверњ-Рона-Алпи во Франција. Ван Ерт беше во добра форма откако го победи четирикратниот шампион на Тур де Франс, Словенецот Тадеј Погачар, на трката Париз-Рубе. Висма наскоро ќе го објави заменикот на Ван Ерт, пишува „Би-би-си“. Г.И.


 
 
 

Comments


bottom of page