Search
Повеќе од успешна сезона: Ѓоковиќ го повтори резултатот на Федерер (ФОТО)
- Aleksandar Santovski
- Nov 28, 2023
- 1 min read
Новак Ѓоковиќ не успеа со неговата Србија да го освои Дејвис Купот, но оваа 2023 година е повеќе од успешна за првиот светски рекет.
Имено Ѓоковиќ играше во финалето на сите четири грен слема, успеа трипати да триумфира и на тој начин да дојде до 24 пехари на најголемите турнири што е рекордер во оваа категорија.
Тој ќе ја заврши оваа календарска година на првото место, плус триумфираше на завршниот турнир во Торино што доволно говори дека имаше кампања за паметење.
Со овие резултати, Ѓоковиќ е втор играч по легендарниот Рожер Федерер кој во повеќе сезони во Опен Ерата успеал во една година да освои три грен слема и да слави во АТП финалето.

Comments