Search
Повеќе денови и натпревари: ФИФА донела конечна одлука за форматот на следниот мундијал
- Aleksandar Santovski
- Mar 14, 2023
- 1 min read
Светската фудбалска федерација долго време размислуваше за дефинитивниот формат на СП во 2026 година и на крајот е донесено решение за учество на 48 селекции поделени во 12 групи.
Тоа значи зголемување на бројот за цели 16 репрезентации, додека во нокаут фазата покрај првопласираните и второпласираните, место ќе обезбедат и осум најдобри третопласирани селекции.
Ќе се зголеми и траењето на мундијалот на 39 дена, а во тој временски период ќе бидат одиграни 104 натпревари.
Тоа се 40 натпревари повеќе од актуелниот формат, додека се очекува европските репрезентации да добијат три дополнителни места.
СП во 2026 година првпат ќе се одржува во три земји, односно во САД, Канада и Мексико.

Comentários