top of page

Победнички селфи на „црвено-црните“: Тоа е таа екипа!!! Екипиште (ФОТО)

Mar 27, 2023
1 min read

Тимот на Вардар избори убедлива победа над Еурофарм Пелистер од 31-24 во рамките на 5. коло во Суперлигата со што направи значаен исчекор кон одбрана на пехарот.

„Црвено-црните“ беа подобри во двете полувремиња на средбата во СЦ „Јане Сандански“ и заслужено дојдоа до триумф со кој сега имаа перфектни пет од пет во шампионатот.

Ваквиот резултат донесе голема среќа, задоволство во таборот на скопскиот тим кој со победничко селфи го одбележа овој момент.

-Тоа е таа екипа !!! ЕКИПИШТЕ, -порача голманот Борко Ристовски.


 
 
 

Comments


bottom of page