Победи на фаворитите во трката за пласман на СП
ТУРНИРОТ БЕШЕ ПРВ УСЛОВ ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН НАСТАП НА СП ВО ДУБАИ
28.09.2021 Septemvri vtornik
КАРАТЕ – ДРЖАВЕН ИЗБОРЕН ТУРНИР
Победи на фаворитите на Државниот изборен карате-турнир за сениори, кој се одржа во Скопје и беше прв услов за настап на претстојното Светско првенство (СП), кое треба да се одржи годинава во Дубаи (16-21 ноември). На турнирот учествуваа 25 клуба, со 94 каратисти/ки ,во дисциплините борби и кати, но победниците ќе мора да поминат низ уште еден контролен филтер за да обезбедат репрезентативен настап на Мундијалот, а тоа е турнирот по Бергеров систем (секој со секого), на 5 октомври. На него ќе настапат првите тројца од секоја категорија од завршениот изборен турнир. Најдобрите ќе ги бранат боите на Македонија на СП во Дубаи (ОАЕ). Победници на Изборниот турнир, борби, мажи: Фаик Весели (Олимпик спорт, категорија до 60 кг), Емил Павлов (Штип, до 67 кг), Петар Заборски (Макпетрол, до 75 кг), Берат Јакупи (Асиарт, до 84 кг), Жарко Арсовски (Штип, над 84 кг). Кати, мажи: Александар Неделковски (Металург). Борби, жени: Сара Радичевска (Макпетрол, до 50 кг), Јована Георгиева (Олимпик спорт, до 55 кг), Вероника Костовска (Олимпик спорт, до 61 кг), Ангела Мојсовска (Макпетрол, до 68 кг), Симона Симовска (Олимпик спорт, до 68 кг). Кати, жени: Пулeксенија Јованоска (Фунагоши Гичин).
Comments