Победата на македонските фудбалери се слави на плоштадот во Скопје
- Aleksandar Santovski
- Mar 25, 2022
- 1 min read
Updated: Apr 1, 2022
25.03.2022 Mart Petok
Илјадници љубители на фудбалот се на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде што ја слават големата победа над Италија остварена вечерва во Палермо со 1-0, во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Македонските фудбалери приредија сензација со триумфот над европскиот првак и тоа на негов терен, а победничкиот гол на Александар Трајковски предизвика голема радост низ државата.
По завршувањето на мечот колона возила со вклучени сирени се упатија кон центарот на Скопје каде владее победничката атмосфера со песни и со факели.
Македонските фудбалери исто така ја прославија победата, како што се забележува во видеото објавено на инстаграм-профилот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по мечот во Палермо.

Comments