top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Победа над Романија за задржување на шансите за фајналфорот

Македонската одбојкарска репрезентација денеска во СЦ „Борис Трајковски“ (од 20.15 ч.) ќе биде пред тежок предизвик во групата Б во Европската сребрена лига. Во 5-то, претпоследно коло во групната фаза, гостува водечката Романија. За црвено-жолтите победата е важна за задржување на шансите за пласман на фајналфор-турнирот, но многу ќе зависи и од другиот дуел во групата, Албанија – БиХ. Македонија има шанси да игра на фајналфор-турнирот во Будимпешта (18-19 јуни). Прв услов е денеска да се победи во Скопје, а потоа и на гости кај БиХ в сабота. Во случај на израмнетост со бодовите може да решава и сет-количникот во одредувањето на втората позиција на табелата. Избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ, кои годинава настапуваат во ослабен состав и со повредени играчи, досега во групата Б забележаа една победа и три пораза. Првите две селекции ќе се пласираат на фајналфорот, каде што ќе настапат Унгарија и Финска од групата А, а вкупниот победник на Европската сребрена лига ќе обезбеди учество во Европската златна лига во 2023 година.

ГРУПА Б, 5. КОЛО

Албанија – БиХ 19 ч. Македонија – Романија 20.15 ч.

ТАБЕЛА Романија 4 4 0 12-4 11 Албанија 4 2 2 9-8 7 Македонија 4 1 3 7-9 4 ​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​​БиХ 4 1 3 4-11 2


1 view

Comments


bottom of page