top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Победа на Ивановски со нов државен рекорд

Updated: Apr 12, 2022

11.04.2022 April Ponedelnik

АТЛЕТИКА – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПОЛУМАРАТОН

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски (24), е новиот балкански шампион во полумаратон (21,1км). Тешката патека, по многу лоши временски услови во Тирана, Албанија, тој ја истрча за 1:04,65 час, што е и нов национален рекорд (стариот, негов беше 1:06,08 часа). Ова е 23. национален рекорд за Ивановски во кариерата. За Ивановски ова е втора титула на Балканот, а вкупно осaми медал на балканијадите (две злата и по три сребра и бронзи). Тој неодамна, на 27. Балканското првенство во Истанбул (Турција) во сала, во трката на 3.000 метри постави нов рекорд на Македонија, со време од 7:58,48 минути, и стана првиот македонски атлетичар што 3.000 метри истрчал за помалку од осум минути. Претходниот рекорд на оваа делница Ивановски го постави на митингот во Белград, Србија, во јануари годинава (8:01,63 минути). Лани Ивановски десет пати соборуваше национални рекорди. Тој е рекордер на Македонија дури во девет дисциплини, на 1.000 метри на отворено (2:28,04 минути), на 1.500 метри во сала (3:44,98), на 3.000 метри во сала (8:01,63), на 3.000 метри на отворено (8:06,66), на 5.000 метри на отворено (14:02,32), на 10.000 метри на пат (29:58 минути), на 10.000 метри на отворено (30:04,66), во полумаратон (1:04,65 часа) и во маратон (2:21,27 часа).


3 views

Comments


bottom of page