По Јувентус, на ред дојде и Ферари: Скудерија ја потврди разделбата со Биното
Еден ден откако целото раководство на Јувентус поднесе оставки, истиот сопственик, компанијата „Ексор“ ја активираше метлата и во Ферари.
Како што беше претходно најавено, а сега официјално потврдено, Матија Биното се повлекува од функцијата тимски шеф во Скудерија.
И во овој случај, не се споменуваат откази, туку оставки, односно е најавено дека Биното заминува од Ферари.
– Решив да ја завршам соработката со Ферари, екипа во која бев 28 години и од која си одам уверен дека направив се што е можно за да се исполнат амбициите, – стои во дел од официјалното соопштение на Биното, кој ќе ја напушти функцијата на крајот на декември.
Биното го предводеше Ферари до седум победи на 82 трки, а последната сезона го водеше италијанскиот тим до второ место во рангирањето на конструктори.
Главен фаворит за наследник на Биното е актуелниот тимски шеф на Алфа Ромео, Фредрик Васер.
Comments