По цели 15 години: Фубалер на Ливерпул се пресели во градскиот ривал Евертон
Трансферите на релација Ливерпул-Евертон или обратно не се случуваат често поради големото ривалство меѓу двата клуба, но денеска стана јасно дека Рафа Бенитез ангажирал фудбалер на „црвените“.
Првпат по 2006 година, фудбалер на Ливерпул се сели во Евертон, а повторно се работи за голман, овој пат 37-годишниот ветеран Енди Лонерган.
Лонерган беше дел од тимот на Јирген Клоп во сезоната 2019/20, но не забележа ниту еден настап таа сезона, а минатата ја поминал на заем во Стоук, односно Вест Бромвич Албион.
Бенитез денеска потврдил дека го ангажирал Лонерган поради повредата на еден од резервните голмани на Евертон, а последен кој направи ваков трансфер беше Сандер Вестервелд и тоа како позајмен играч пред 15 години.
– Точно е дека го ангажиравме Лонерган, неговото искуство ќе ни биде корисно. Доведовме нов фудбалер, но веројатно никој не очекуваше ваков трансфер, – изјавил денеска Бенитез.
Comments